Малолетници се тепале во Радишани

Четворица  малолетници вчера биле нападнати во скопското село Радишани.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се случила тепачка меѓу шест малолетници во скопското село Радишани.

Без повод и причина, 15-годишниот Ф.Љ. заедно со уште еден четиринаесетгодишник ги нападнале 15-годишните Ф.Л., Д.С., Г.Б. и М.П. Тие ги удирале со тупаници и клоци нанесувајќи им видливи повреди на телото.

Полицијата работи на расчистување на инцидентот.