Од алкохолот на другарката и се слошило и отишла во тоалет кој се наоѓал во угостителски објект во непосредна близина.
Бидејќи истата подолго се заджала, М.А. отишoл да види што се случува, при што зесега непознато лице му рекло да излезе надвор ако не сака проблеми.
Оштетениот излегол надвор, а по околу 5 минути пробал пак да влезе во објектот со цел да ја викне другарката, но бил спречен од страна на 10-тина лица, кои без повод и причина почнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на левото око во вид на црвенило.
Во билтенот на МВР не е наведено што потоа се случило со девојката.
Се превземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.