Малолетник го избодел со нож напаѓачот во Ченто

Вистинска драма се одигрувала во саботата вечерта во маркет во скопската населба Ченто каде што 16-годишник бил нападнат од група повозрасни момчиња при што тој извадил нож и прободел еден од нив, а нападнатиот е пренесен во Ургентниот центар при скопскиот клинички центар.

Инцидентот се случил околу 21 часот, кога било пријавено дека на улицата .„Радован Ковачевиќ“ на вториот спрат во маркет 16-годишниот Х.Р до населбата Ченто, бил нападнат од непознати лица, меѓу кои бил и 19-годишниот С.С . од Скопје.

Пријавителот, според негово кажување, од страна на непознато лице бил удрен во пределот на главата, по што извадил нож и го прободел еден од напаѓачите во ногата.

Од страна на доктор од Градска општа болница „Наум Охридски“ кај С.С констатирани е повреда на левата нога и
е пуштен на домашно лекување, додека Х.Р е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.