Полицијата информираше во петокот дека шеснаесетгодипното момче од неготинското село Вошанци управувајќи мопед „херк“ паднало на патот, при што се здобило со тешки телесни повреди.
Трагедијата се случила во четвртокот околу 19,50 часот на земјениот пат во селото Војшанци – Неготино, кога момчето се здобило со фаталните повредни, но уште давало знаци на живот.
Му била укажана лекарска помош во Итна медицинска помош во Неготино, по што бил препратено во Општата болница во Кавадарци каде што, за жал, им подлегнало на сериозните повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.