![boks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/boks2.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Чегранец од малолетник изнудил 1.600 евра. Случајот во полиција го пријавил таткото на малолетното лице.
А.И. (35) од Чегране, вчера предпладне пријавил дека на неговиот малолетен син лице од истото село му барале пари и го малтретирале. На службите на СВР Тетово, идентитетот на лицето веќе им бил познат.
Како што посочил таткото на малолетникот, на 14,15,16 и 17 овој месец, пред училиштето во кое се образувал неговиот син, повозрасниот чегранец физички го малтретирал, му се заканувал дека ќе го убие и барал од него да му донесе пари од дома.
Исплашен, малолетникот во четири наврати му донесол вкупно 1.600 евра, а потоа им раскажал на родителите што му се случило.
Полицијата превзема мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот.