Малолетник ја направил Фејсбук страницата за исчезнатата Тијана

Фејсбук страницата на која наводно киднаперите на Тијана, која ја нема веќе шест дена бараат откуп ја направил малолетник.

– Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на следнава жиро сметка: 160-335001-90. Очекувајте нови слики од лице место, Вашите киднапери- пишуваа на оваа страница.

Оваа страница подоцна беше избришана.