Полицаец бил повреден вчера во обид да сопре патничко возило заради контрола. Настанот се случил околу 1 часот во кичевското село Жубрино, кога полицајци сакале да го сопрат возилото.
Возачот ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот.
На повредениот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.
По преземени мерки, приведено е едно малолетно лице за кое постои сомнеж дека е можен сторител на делото. Се работи на целосно расчистување на случајот.