Малолетник ограбил сендвичарница и ресторан

Малолетник од Кичево ограбил сендвичарница и ресторан, информираше МВР.
Станува збор за 15-годишник против кого ПС Кичево поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела тешка кражба.

Според полицијата, малолетникот од 31 мај до 12 јуни оваа година со погоден предмет ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници во централното градско подрачје во Кичево. Од таму одзел пари, патики, техничка стока и други поситни предмети.