
Малолетник на возраст од 17 години е осомничен дека ограбил шест куќи во Тетовско, информираше МВР.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против малолетникот од село Озормиште поради постоење основи на сомнение за кривични дела тешка кражба.
Полицијата поднесе кривични пријави и против А.А.(20) од село Радиовце и М.А. (18) од село Ново Село, кои се осомничени за помагање.
Според полицијата, кражбите се случиле во периодот од 5 јануари до 18 февруари годинава. Малолетникот со помош на А.А. и М.А. со раце и со предмети провалувале во куќите. Тој ги отворал влезните врати и влегувал во куќите од каде земале телевизори, лап топ компјутер, бормашини и хилти.
Украдените предмети за цена од 84.000 денари крадците ги продвале на О.Б.(23), А.Б.(37) и И.С.(26) од Тетово.
Полицијата и против нив поднесе кривични пријави за прикривање оти знаеле дека купуваат украдени предмети.