Малолетник од Велес (15) во „Младински парк“ во Велес на 12 јуни во 23.50 часот, со запалка ја запалил кората на една од засадените палма и направил штета од 500 евра.
Според велешката полиција, малолетникот во моментот бил во друштво со уште неколку другарчиња и од љубопитност ја запалил палмата, која подоцна е изгасната со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес.
Родителот на малолетникот заедно со малолетникот веднаш се повикани во просториите на Полициска станица Велес, каде што е извршен разговор.