Малолетник на возраст од 15 години синоќа скокнал од катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа спроти ГТЦ во Скопје, по што починал на лице место.
На терен веднаш пристигнале екипи на полицијата, кои извршиле увид.
Од МВР засега не откриваат повеќе детали за трагедијата.
Додека истражните екипи вршеа увид, на Снепчет се споделуваше фотографија што момчето ја објавиле непосредно пред падот, на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража.
Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за еден од несреќните случаи, инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи.