Малолетник бил прегазен на улицата Џон Кенеди од мотор.
Во 16 часот и 5 минути било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“, во близина на крстосницата со улицата „Дижонска“, 20-годишниот Е.Г. од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од селото Палиград.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.