Малолетник приведен по грабеж на аптека во скопски Аеродром

Во петокот вечерта околу 21 0 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништво.

Тој заедно со уште едно лице во аптеки на булеварот „Јане Сандански“ и трговски центар во Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари.

Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава.