Малолетник прободен со нож во Скопје

Петнаесет годишно момче е повредено откако вчера вечерта било расечено со нож во пределот на градниот кош.

Инцидентот се случил околу 20 часот на улицата „Скупи“, а според пријавата на мајката на повреденото момче напаѓачот е 16 годишник од Прилеп.

Момчето засечено од нож било пренесено во ГОБ„8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

По целосното расчистување и документирање на случајот полицијата најавува поднесување на соодветен поднесок.