На регионалниот пат од с.Неготино вчера во 15:10 часот било пријавено дека патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокос, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, како што информира денеска МВР, со тешки телесни повреди се здобил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидната екипа од ОВР Гостивар.