Малолетник со изгореници заврши во болница, мајката слушнала експлозија

Малолетник со изгореници заврши во болница, мајка му слушнала експлозија и го видела синот со изгореници по телото.

На 02.02.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје.

-Извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото, информира МВР.

Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.