Mалолетник со скутер удрил мајка и дете на пешачки премин

Малолетник со скутер удрил во мајка и дете на пешачки премин во скопската населба Карпош 4, и во обид да побегне потоа се удрил во друго возило, потврди МВР.

Моторџијата ги удрил мајката и детето и продолжил да се движи по улицата „Никола Парапунов“ во спротивна насока, но потоа удрил во автомобил „лада“.

Детето и мајката се повредени и во шок, сведочат случајни минувачи, кои додаваат дека во помош истрчале вработени во локалниот старечки дом, како и случајни минувачи. Двајцата се префрлени со возило на итна помош во Ургентен центар „Мајка Тереза“ за да им биде укажана лекарска помош. Таму им биле констатирани полесни повреди.

Моторџијата кој удри во мајката М.К. и малолетно дете, имал 17-години, потврдија од МВР. Оттаму додаваат дека мајката и детето се движеле на пешачки премин.