![motociklist](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/motociklist.jpeg?resize=696%2C455&ssl=1)
На 01.09.2021 во 15:20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„101“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(24) од Гостивар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.