Шеснаесетгодишно момче се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на улица .„Драган Стопаревиќ“ во Куманово.
Од МВР информираат дека до несреќата дошло при судир на „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од47-годишниот Р.С. од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.
Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово