Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Седумнаесет годишно момче од Охрид е тешко повредено откако учествувало во сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид помеѓу автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Охрид.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.