Малолетник со повреди итно е пренесен во болница откако околу пладне во вторникот бил соборен од автомобил, во близина на локацијата позната како „Блок кафе“ во скопската населба Аеродром.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во 13,05 часот „опел“ со скопски регистерски таблички удрил во малолетник на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром. Детето е пренесено во Ургентен центар, а полицискиот увид сè уште е во тек.