Малолетник во Тетово се здобил со повреда откако петарда му пукнала во устата. Тој е еден од четворица малолетнии кои се пријавиле во ургентниот центар во текот на новогодишната ноќ. Засега не е познато како се случил инцидентот.
Новогодишната ноќ во Тетово поминала без други поголеми инцидентот. Во центарот се пријавиле и тројца граѓани кои биле во алкохолизирана состојба.
Во Тетово оваа година немаше новогодишно украсување со елка и светкави сијалички, а немаше ни прослава, па граѓаните мораше сами да си прават атмосфера со петарди и други пиротехники.