
Во несреќата учествувале автомобил „Југо“ управуван од 20 годишниот Д.С. и „Пасат“ управуван од Љ.Д. (47) од Ресен. Од ударот С.П.кој бил сопатник во Југото починал на лице место, додека возачот е тешко повреден и задржан на лекување во охридската болница. Возачот на „Пасатот“ е лесно повреден.
Според информациите на локалните медиуми, на терен интервенирале и пожарникари кои го ваделе телото на починатото момче од смачканиот автомобил.
Увид извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
ФОТО: Ohridnews