Малолетникот осомничен за масакрот во „Рибникар“ продолжува со сведочење, во судот донесен со возило на Итна помош

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година. Денеска ќе продолжи распитот на малолетниот убиец кој се согласи да сведочи во постапката против неговите родители.

Судењето, кое е закажано во 10 часот, како и минатиот пат ќе биде затворено за јавноста.

Коста е донесен во судот со возило на Итна помош. Со него и овојпат има психијатар чија задача е да процени дали момчето е психички способно да сведочи.

Малолетниот К.К. минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и обезбедувалот во училиштето.

На последното судење тој првпат се сретна со семејствата на жртвите, но и со родителите во судницата на Специјалниот суд во Белград. Тоа беше првпат да ја напушти болницата во која се наоѓа по масакрот и да сведочи во постапката против неговите родители.