Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.
„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.
Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.
Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен.
Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.
„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.