Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Според информациите, малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол. Како што дознава А1он до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерната која потоа експлодирала.
Не е познато дали двете малолетни деца кој ја опожариле цистерната и починатото малолетно девојче биле заедно.
Информацијата ја добила полицијата од двете деца кои самите го пријавиле настанот и кажале дека имало и девојче кое најверојатно настрадало.
„Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.
На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.ова е првична информација спиред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна“, велат од МВР за А1он.