Малта ја призна Македонија под уставно име!

малта

Одлуката за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Малта е објавена во Службен весник на 23 јануари.

Дипломатските односи се воспоставени со размена на ноти меѓу Министерствата за надворешни работи.

По официјализирањето на дипломатските односи со Малта, Кипар е единствената членка на ЕУ со која Македонија нема дипломатски односи, а главната причина е одбивањето на властите во Никозија тоа да биде под уставното име, заради противењето на Грција.

Досега Македонија под уставното име ја признале над 130 држави, меѓу кои и три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина, а со повеќе од 170 има воспоставено дипломатски односи.

Извор: МКД