Мамографијата важна за раното откривање на ракот на дојка

мамографијата

Според него, во повеќе меѓународни студии е потврдено дека со скринингот се намалува смртноста кај жените и важно е тој да се користи за болеста да се открие уште во раната фаза и третманот да биде успешен.

Од почетокот на скрининг програмата во Шведска беа повикувани жени меѓу 40 и 74 години во интервал од две години. Во студиите се заклучи дека е намалена смртноста до 40 проценти, а денес со новата технологија и со намалувањето на интервалот меѓу мамографиите на една година, смртноста од рак на дојка е намалена на 50 проценти, изјави Табар.

Во однос на Македонија, Табар смета дека државата се движи во вистински правец, но она што е важно, според него, е едукацијата на медицинскиот кадар од една страна, односно како да се препознае карциномот уште во раната фаза и од друга страна едукацијата на жените кои треба да се информираат за оваа болест.

Доктор Светлана Темелковска, која е национален координатор на програмата за скрининг во Македонија соопшти дека за година и пол биле повикани 60 илјади жени на бесплатен скрининг, но од нив 20.000 се јавиле, а кај 28 е откриен рак на дојка.

Задоволни сме досега од одѕивот. Од тие 20 илјади жени, 20 проценти беа повикани на дополнителни прегледи. Тоа за почеток е одлична бројка според стандардите што ги има во светот. Целта е да стигнеме до праг на повикување на два отсто, а тоа може да се постигне на еден начин – ја имаме апаратурата, а сега останува на нас, радиолозите, да бидеме едуцирани и да го најдеме карциномот навреме. Мислам дека сме на добар пат, истакна доктор Темелковска.

Мамографијата е откриена во 1977 година. На почетокот во осум меѓународни студии било потврдено дека со скринингот се намалува смртноста кај жените.