Манџукиќ спремен за трансфер во Јунајтед

Марио Манџукиќ веќе не е во плановите на Маурицио Сари во Јувентус, па Хрватот ќе се обиде експресно да си најде нов клуб во јануари. Во Хрватска одамна се шпекулира дека за голгетерот е заинтересиран Манчестер Јунајтед, но последните информации велат дека „ѓаволите“ не се премногу дарежливи во понудата која ја подготвуваат за него.

Според британски „Дејли Меил“, Оле Гунар Солскјер не успеа ова лето да најде замена за Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, па му остана само Маркус Рашфорд како класичен шпиц, заедно со често повредениот Ентони Марсиал.

Англичаните велат дека Јунајтед очајно ќе бара добар напаѓач во зимскиот преоден рок, но нема да понуди повеќе од 10 милиони евра за потписот на Манџукиќ. Ако Јуве се согласи за оваа цена да го испрати во Англија, тогаш Солскјер ќе добие одлично име во форот со кој ќе се обиде да ја спаси сезоната.