Манџукиќ за 10 милиони си заминува од Јувентус

„Господинот ‘нe’ е на пат да каже ‘да’“, пишува Corriere di Torino во натписот посветен на Марио Манџукиќ.

Aвантурата на Манџукиќ во Јувентус е при крај. По одличните четири години во торинскиот клуб, хрватскиот напаѓач ќе го напушти Торино. Со доаѓањето на Сари искусниот фудбалер стана вишок во редовите на Јувентус, а воопшто не е пријавен за натпреварите во Лигата на Шампионите.

Манџукиќ не патуваше во Фиренца на гостувањето против Фиорентина, а Фабио Паратичи потврди дека трансферот е многу блиску до реализација. Истиот извор пишува дека следната дестинација на Манџукиќ ќе биде Катар и екипата Гарафа, а Јуве од неговата продажба ќе добие 10 милиони евра.

Овој 33-годишен фудбалер е член на Старата дама од 2015. година, а благодарение на својата борбеност стана миленик на навивачите на Јувентус. Меѓутоа, на секоја љубов и доаѓа крајот…