Ракометната репрезентација на Македонија имаше победа в рака против Чешка, но ја прокоцка. Иако ракометарите водеа со шест гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.
Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Мрква го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.
„Самите сме си виновни. Имавме сѐ, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината“, вели Манасков.
За седмерецот кој го промаши на крајот, Манасков вели: „Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса“.
Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.