Повремениот македонски репрезентативец, Дејан Манасков го реши клупското прашање и во иднина ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер.
„По подолги преговори успеавме да се договориме со клубот. Чест и задоволство ми е што ќе бидам во Битола, град во кој навивачите го познаваат ракометот. Тука сум настапувал многу пати и секогаш било забавно, сум бил на спротивната страна, но сега патот ме донесе на домашната страна. Останува да работиме, да се надградуваме, пред нас е возбудлива полусезона, јас знам кои се целите на клубот.
Секогаш во кариерата сум се стремел кон највисоките цели, така ќе биде и сега. Задачата е се освои дупла круна, ќе биде тешко, ама ќе работиме и бидеме најдобри што можеме. Имаме добра екипа, покриени сме со квалитетни играчи на сите позиции. Добро е кога има конкуренција во тимот. Останува да се воиграме, некои играчи си заминаа, некој дојдоа, ќе се направи добар микс и заедно да дојдеме до зацртаните цели. Ќе биде неизвесно до самиот крај, заостанува еден бод во однос на двата главни конкуренти, ќе се обидеме тоа да го надополниме и се радуваме. Најважно е да се служи здравјето, -вели Манасков на кого му е драго што повторно ќе може да игра во елитното натпреварување.
„Ќе ми биде драго по подолга пауза да играм во ЛШ. Таму настапував околу 11 години. Тие четири натпревари се добредеојдени и се надевам дека ќе успееме некому да му „откинеме“ некој бод, да се претставиме во најдобро светло. Да ги искористиме истите за тоа што не очекува во домашното првенство и Купот. Сакаме дупла круна, ќе се подготвиме најдобро што можеме за да ги освоиме титулите“, истакна некогашниот член на Вардар, Металург, Веспрем, Вецлар и Рајн Некaр Левен.