Манчестер Јунајтед и Челзи во трка по суперталентот на Андерлехт

Според специлизираниот фудбалски портал, Goal.com преставници од Андерлехт во Лондон оствариле одвоени средби со челниците на Јунајтед и Челзи околу евентуалниот трансфер на Тилеманс во Премиер лигата.

Скаутите на Манчестер Јунајтед подолг период го следат младиот фудбалер на Андерлехт и се главен фаворит за неговиот потпис.

20-кратниот англиски шампион има намера на “Олд Трафорд” да ги доведе најдобрите млади таленти во светот, а по Лук Шо, Мемфис Депај и Антони Марсиал, на добар пат е да ги ангажира и Тилеманс.

Предност на “црвените ѓаволи” ќе биде и минутажата која му ја ветуваат на белгискиот фудбалер, а кој ќе пристигне како наследник на Мајкл Карик.

За разлика од Манчестер, Челзи има навика своите млади талентирани фудбалери да ги праќа на позајмица, а токму таков е и случајот со уште еден поранешен фудбалер на Андерлехт, Ромелу Лукаку.

Корпулентниот напаѓач пристигна на “Стемфорд Бриџ” на 18-годишна возраст, но по неколку позајмици, тој заврши во тимот на Евертон.

Тилеманс две години по ред е најдобар млад играч во шампионатот на Белгија
Тилеманс две години по ред е најдобар млад играч во шампионатот на Белгија

Токму овој факт би требало да биде и клучен момент во одлуката на Тилеманс околу својата идна дестинација.

18-годишниот играч за врска две години по ред е најдобар млад фудбалер во белгискиот шампионат, а според многумина стручњаци тој е еден од најголемите светски таленти.

Тилеманс дебитираше во Лигата на шампионите уште на 16 годишна возраст, што го прави еден од најмладите дебитанти во историјата на ова натпреварување.