Фудбалерите на Манчестер Сити во сабота на својот „Итихад“ со убедливи 5:0 (2:0) го надиграа Ливепрул нанесувајќи му го првиот лигашки пораз во новата сезона во првиот натпревар од 4-то коло од англиското првенство и привремено избија на врвот од табелата.
Аргентинецот Серхио Агуеро го искористи во 24 минута одличното проигрување од Белгиецот Кевин Де Брујне, Вои 37 минута гостите останаа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Мане поради опасна игра и невнимателен старт врз домашниот голман Едерсон. На Бразилецот осум минути му беше укажувана медицинска помош на теренот пред да биде изнесен со имобилизиран врат.
Поради тоа првото полувреме беше продолжено за осум минути, а во шестата од судиското продолжение Габриел Жезус на уфрлување од Де Брујне со глава погоди за 2:0. Истиот играч го реализираше противнападот на Сити во 53 минута, а конечните 5:0 со два гола ги постави Сане. Прво во 77 минута погоди за 4:0, а петтиот гол го постигна со прецизен удар од работ на казнениот простор во 91 минута.
Откако остана со играч помалку во полето, Ливерпул веќе не претставуваше никаква закана за домашната екипа.