Манчестер Сити му се извини на Ливерпул за срамните сцени на „Вембли“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Ливерпул понудија нов фудбалски празник за фудбалските фанови, натпревар на кој двата тима си поделија по едно полувреме, но кој на крајот заврши на страната на „црвените“ кои имаа неверојатни први 45 минути.

Ливерпул постигна три гола во првиот дел и стигна до предност која се покажа како преголема и за силниот Манчестер Сити, кој иако постигна два гола во продолжение, сепак не можеше да се избори и за трет.

Јирген Клоп ја доби денешната битка со Пеп Гвардиола и одново беа пријателски настроени, но така не беше меѓу навивачите, пред натпреварот и за време на истиот.

Навивачите на Сити и Ливерпул имаа неколку тепачки пред „Вембли“, а пред првиот судиски свиреж, пристигна и една ужасна сцена која е срамна за фановите на клубот од Манчестер.

Додека се оддаваше минута молк за жртвите од Хилсбороу трагедијата во која загинаа 97 навивачи на Ливерпул (вчера беше 33-годишнина), симпатизерите на Сити се прикажаа во ужасно светло со довикнувања и го навлекоа гневот. Манчестер Сити како клуб се дистанцираше од овие несовесни фанови и испрати извинување до Ливерпул.

– Екстремно сме разочарани од акциите на одредени навивачи на Сити за време на минутата молк пред денешниот меч. Клубот искрено им се извинува на сите оние кои се било како поврзани со клубот Ливерпул, – изјави портпаролот на Сити.