Манчестер Јунајтед е подготвeн да плати 150 милиони евра за Винисиус

Се најавува сензационален трансфер на бразилската ѕвезда Винисиус од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед.

Премиерлигашот е подготвен да плати 150 милиони евра за бразилскиот репрезентативец, а уште поинтересно е тоа што Реал нема против да започне преговори.

Реал оваа лето најверојатно ќе го доведе Килијан Мбапе и тоа без обештетување, па поради тоа е спремен да го продаде Винисиус.