Манчестер Јунајтед го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот

Британскиот милијардер сир Џим Ретклиф наскоро би можел да стане сосопственик на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, и по влегувањето во клупското водство нема намера да го истера актуелниот менаџер (требер) Ерик тен Хаг, пишува The Daily Mail.

Ретклиф наводно дури комуницира со Тен Хаг, за да ги испланираат следните два преодни термини, а во тие разговори холандскиот тренер како проиритет за доведување во редовите на „Црвените ѓаволи“ го истакнал само крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, 21-годишниот Нико Вилијамс.

Помладиот брат на Инаки Вилијамс, кој исто така игра за баскискиот клуб, минатата сезона постигна девет погодоци со шест асистенции во 43-те мечеви во сите натпреварувања.

Сезонава досега е стрелец на четири погодоци и впиша пет асистенции на 15 натпревари, додека за репрезентацијата на Шпанија досега собра 11 настапи во кои постигна два гола.

Англиските и шпанските медиуми имаат иста проценка дека Нико Вилијамс би бил најголемата зделка во историјата на Манчестер Јунјатед, доколку клупската управа би сакала да го доведе веќе во јануари.

Рекордот на Јунајтед го држи засега францускиот интернационалец кој беше платен 105 милиони евра.