
Во најголемото дерби на англискиот фудбал во неделата во рамките на 9-то коло од првенството, Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“ одиграа 1:1, со што „редсите“ ја прекинаа серијата од осум последователни победи.
„Црвените ѓаволи“ поведоа во 36 минута преки Маркус Рашфорд, а гостите израмнија преку Адам Лалана во 85 минута. Меѓутоа, се очекува дека деновиве многу ќе се анализира околу погодокот на Мачестер Јунајтед. Имено, се доби впечаток дека Виктор Линделоф со прекршок го сопре Дивок Ориги, но судијата Мартин Аткинсон не реагираше, а потоа од брзиот контра-напад кој се разви, Даниел Џејсм одлично му асистираше на Рашфорд, кој го доведе во водство домаќинот. По ВАР проверката Аткинсон го призна голот, но ливерпуловиот менаџер Јирген Клоп и неговите играчи не се помирија со тоа. Ливерпул и покрај скромната претстава успеа да израмни откако Ендрју Робертсон му асистирапше на Лалана на „втората статива“ за погодокот.
Манчестер Јунајтед со овој резултат ја продолжи низата без лигашка победа на четири гола, но и ја продолжи домашната низа без пораз од Ливепрул во првенството на шест натпревар, во кои има три победи и три реми резултати. На „Олд Трафорд“ Ливерпул последен пат победил на 16-ти март 2014 година со 3:0.
Ливерпул не победи првпат оваа сезона во англиското првенство, но имајќи ја предвид и минатата сезона до овој меч имаше победи на 17 натпревари во низа во Премиер лигата. Последнниот пад кога „Редстите не победија“ беше на 3-ти март 2019 година, кога во градското дерби со Евертон одиграа без голови.
На табелата води Ливепрул со 25 бодови, Манчестер Сити на второто место има шест бодови помалку, а потоа следат Лестер и Челзи со пшо 17 бводови. Манчестер Јунајтед е на скромното 13-то место со 10 бодови.