![mancester junajted](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/mancester-junajted.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се последните четвртфиналисти на годинешното издание на најстарото фудбалско натпреварување на светот – англискиот ФА Куп, откако во осминафиналето во четвртокот како гости го совладаа второлигашот Дерби Каунти со 3:0.
Првиот погодок на мечот за „Црвените ѓаволи“ го постигна Лук Шоу во 33 минута, а потоа двапати стрелец беше Одеон Игало во 41 и 70 минута.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунејтед, ветеранот Вејн Руни, кој настапува и е тренер на Дерби Каунти, на теренот ги мина сите 90 минути, а во судиското продолжение од дистанца изведе прекрасен слободен удар кој го одбрани гостинскиот голман Ромеро.
Манчестер Јунајетед во четвртфиналето ќе гостува кај Норич Сити, кој во средата направи големи изненадување надигрувајќи го а потоа и на пенали елиминарјќи го Тотенхем.
Другите четвртфинални двојки се Шефилд Јунајтед – Арсенал, Њукасл Јунајтед – Манчестер Сити и Лестер Сити – Челзи.
Термините за одигрување на четвртфиналните натпревари се од 20-ти до 22-ри март.