Манчестер јунајтед го доби градското дерби против лидерот Сити среде „Етихад“ со сигурни 2-0, победа со која Црвените ѓаволи ја намалија негативата на девет бода во однос на градскиот ривал. Избраниците на Оле Гунар Солскјер сосема заслужено славеа во големото дерби, во кое ставија крај на неверојатната низа од 21-победа на Граѓаните во сите натпреварувања.
Фудбалерите на Гвардиола не можеа против традицијата, која вели дека Јунајтед нема пораз во сега 103 последователни лигашки натпревари во кои има предност во првото полувреме, а за тимот од црвениот дел од Манчестер ова беше 91-ва победа во таква ситуација.
102 – Manchester United are unbeaten in their last 102 Premier League games when leading at half time (W90 D12), with their last such defeat coming in September 2014 under Louis van Gaal (3-5 v Leicester). Conundrum. pic.twitter.com/Ymz2dggXYv
— OptaJoe (@OptaJoe) March 7, 2021
Кошмарот за домаќините почна уште пред истекот на воведната прва минута, откако Жезус ја урна противничката деветка на работ од шеснтаесетникот, а Марсијал со изнудениот фаул практично асистираше за 23-тиот овосезонски погодок на Бруно Фернандеш.
Сити во продолжението од полувремето доминираше статистикчи, меѓутоа не го најде патот до мрежата на Хендерсон. Во исто темпо фудбалерите во светло-сини дресови тргнаа и во вториот дел, но наместо израмнувачки погодок, Јунајтед креираше брза акција која заврши со одлична реализација на бекот Шоу во 50-тата минута, по што вториот шок за тимот на Пеп се ипостави како конечен резултат.
Серијата промашувања пред сè од Фоден и Стерлинг, беа знак дека Сити е без идеја за камбек со што и му дојде крајот на фуриозниот три и пол месечен победнички поход.
Сити остана на 65 бода на врвот на табелата, додека Јунајтед има 54 бода по 28 одиграни натпревари во Премиер лигата.