Манчестер Јунајтед планира во зимскиот преоден рок да го доведе одличниот шведски напаѓач, 26-годишниот Виктор Еинар Ѓекереш, а тој трансфер би требало да вреди околу 96 милиони евра, пишуваат во четвртокот британските медиуми.
Новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим ѝ порача на управата на клубот дека мора веднаш да го доведат Ѓокереш доколку сакаат да се извлечат од моменталната непријатна ситуација во табелата во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се на 14. место и заостануваат 23 бода зад лидерот Ливерпул.
Ѓокереш последните 18 месеци брилјираше во дресот на португалскиот Спортинг. Оваа сезона тој веќе постигна 18 гола со две асистенции во португалскиот шампионат, а пет гола во Лигата на шампионите. Голема заслуга за неговиот брилијантен развој има тренерот Аморим, со кого би можел повторно да се обедини сега, но во Манчестер Јунајтед.
А додека се очекува пристигнувањето на Ѓокереш на „Олд Трафорд“, Џошуа Циркзи и Маркус Рашфорд се на излезната врата на клубот.