Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа откри дека утре ќе се знае за одлуката за карантинскиот час за викендот кога ќе има владина седница.
„Се вршат консултации и воглавном се почитуваат препораките на владата. Треба да се сфати дека ќе треба да одиме на рестриктивните мерки, но тоа значи почитување на другите мерки кои не се рестриктивни, а граѓаните не ги почитуваат. Носење на маски и држење на дистанца и граѓаните треба да разберат за да се вратиме во нормала, треба да се почитуваат мерките.“ – рече Манчевски
Манчевски потенцираше дека непочитувањето на мерките доведува до зголем број на заразени особено со масовните групирања. Потенцираше дека во следните денови е можна ваква ситуација и смета дека утре по дебата ќе има избалансиран пристап за да се пречи поголема зараза.
„Точно се знае од каде потекнуваат заразените. 4 мај беше прославата за МВР, денеска е 20 мај. Деновиве е зголемен бројот на заразени, но здравствените власти ги знаат точно кластерите на заразени, односно немаме непознати жаришта. И да, дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, коишто се случуваат последните неколку недели. Доколу сите граѓани без разика на верата, доколку сакаме да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми личната одговорост кај секој од нас. зминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не почитуваат мерките, немаме информации дали внатрешна контрола на МВР прави истрага за службениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита“ – рече Манчевски.
Во однос за лидерските средби, Манчевски вели дека во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат роковите за предизборните активности.
„Сметам дека најдобро би било кога и да има избори, одлуката да се донесе со консензус, мора да има повеќе обиди во наредниот период за да дојдеме до нешто со кое сите ќе се согласиме. Има различни ставови, но убеден сум дека ќе се најде компромис, зошто преголем е ризикот ако изборите ги оставиме за наесен поради опасност од нов бран.“ – рече Манчевски.