
Според лекарскиот тим на Јувентус, репрезентативецот на Хрватска ќе мирува најмалку 20-тина дена, што значи дека сигурно ќе ги пропушти следните натпревари против Фросиноне (среда) и Наполи (недела).
Исто така, во паника е и репрезентацијата на Хрватска, која на 10-ти октомври игра важен квалификациски меч против Бугарија. Манџукиќ сѐ уште нема постигнато гол во Серија А, а во Лигата на шампионите погоди на средбата против Манчестер сити (1:2).