
Шпанскиот гигант Реал (М) и големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Јувентус, добија и повеќе од сериозна конкуренција во Интер кога е во прашање потписот на хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).
Брзоногиот напаѓач не е многу задоволен од минутажата која ја добива од новиот предводник на баварскиот гигант, Пеп Гвардиола и голема е веројатноста дека ќе си замине од „Алианс Арена” за време на летниот преоден рок.
Новиот сопственик на „нероазурите”, познатиот бизнисмен од Индонезија, Ерик Тохир е подготвен да го исплати побараното обештетување од 30 милиони евра, а доколку се пресели на „Џузепе Меаца”, репрезентативецот на Хрватска ќе си осигура годишна заработувачка од најмалку пет милиони евра.