Манекенка зборувала дека короната е измислена, па завршила на респиратор: Баш сум глупава

Британската манекенка Холи Мегваер, признала дека речиси двапати умирала откако се заразила со коронавирусот и дека лекарите ѝ давале само 15 отсто шанси да преживее кога ја приклучиле на респиратор.

Холи претходно на интернет пишувала дека короната е измислена и ги повикала луѓето да не се вакцинираат.

„Бев антиваксер, не сакав да се вакцинирам, но сега се уверив дека ковид постои“, рекла таа за „Мирор“.

Признала дека одбивала да верува дека има ковид сè додека не завршила во болница, каде поминала повеќе од 3 недели, од кои две била во кома, приклучена на респиратор.

„Мојот сопруг беше подготвен на најлошото. Ѝ се јави на мајка ми со плачење, велејќи ѝ дека мисли оти нема да се извлечам“.

„Многу мои пријатели беа антиваксери, правеа заговори против вакцините, а и јас ги слушав. Велеа дека со години нема да знаеме дали вакцината е безбедна, а гледајќи ги вестите дома, владата не ме убеди во спротивното“, вели таа.

„Сега многу жалам за тоа. Баш сум глупава. Еднаш кога се заразив беше ужасно, ме удри како камион. Само вакцинирајте се што е можно поскоро“, порачала таа.