Чешкиот супермодел Катерина Нетолицка (26), која, меѓу останатите, работела кампањи за „Прада“ и „Л’ Ореал“, е пронајдена мртва во својот стан, во кој живеела со момчето, хокеарот Јакуб Петрузалек.
Телото го пронајшол нејзиниот брат во кој дошол во посета, откако не му одговарала на телефонските повици.
Покрај манекенката, кој лежела во кадата, пронајдени се и труповите на нејзините две кучиња. Нејзиното момче во моментот на несреќата имал натпревар во Русија.
Познатата двојка, која била во врска пет години, живеела во стан во Литвинова, на северозапад на Чешка. Пријателите на починатата манекенка откриваат дека патела од депресија.
– Во еден момент беше многу среќна, еуфорична, а понекогаш многу депресивна што доведуваше да се повредува себеси, открива извор.
Полицијата наложила обдукција бидејќи не можела веднаш да ја утврди причината за смртта. Според пишувањето на чешките медиуми, Катерина и Јакуб планирале венчавка и потомство.