ВИДЕО: Како манекенките паѓаат на писта?

Иако сме навикнати во нив да гледаме совршенство, сепак и манекенките паѓаат на писта. Превисоки потпетици, долг фустан и лизгав под… Ова за многумина не звучи како премногу добра идеја.

Иако за голем број жени чевлите со високи потпетици се фетиш, затоа што делуваат елегантно, ги издолжуваат нозете, даваат женствен изглед, ги заведуваат мажите, сепак кога ќе го погледнете ова видео ќе сфатите дека овој моден детал во комбинација со долг фустан и лизгав под воопшто не е добра идеја…

И тоа се случува: Манекенки паѓаат на писта
И тоа се случува: Манекенките паѓаат на писта

Кога се движите во високи поптептици и ги привлекувате сите погледи, ви се чини дека целиот свет е ваш, но доволен е само еден миг на невнимание и вашиот спектакл да се претвори во комедија за сите присутни.

И додека паѓањето во високи потпетици воопшто не е ретка појава, но воглавно не не гледаат голем број луѓе, па среќни сме што не сме се посрамотиле пред целата публика, но за манекенките ситуацијата е многу полоша.

И тоа се случува: Манекенки паѓаат на писта
И тоа се случува: Манекенките паѓаат на писта

Нивните урнебесни падови се забележени од камерите, па на Јутјуб сервисот многумина може да се насмеат на нивниот заводлив став кој за еден миг се претвора во вистинска комедија.

Погледнете како изгледа кога манекенките паѓаат на писта, ќе се насмеете.