
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Михајло Маневски вели дека спомен обележјето на Андон Јанев – Ќосето е подигнат со Одлука на Советот на Град Скопје и истиот не е довоградба.
Согласно член 18 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележја, Советот на општините, Советот на град Скопје и Советите на општините во градот Скопје донесуваат Одлука.
ОДЛУКА за подигање, чување, одржување, заштита и користење наспомен-обележје на Андон Лазов Јанев – Ќосето донел Советот на град Скопје на седницата одржана на 14 јули 2014 година. Одлуката на Советот на град Скопје е објавена во Службен весник на град Скопје бр.9 од 15 јули 2014 година.
Одлуката на Советот на град Скопје гласи:
“Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија број 05/02) и член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004 и 89/2008) Советот на Град Скопје на дваесет и осмата седница, одржана на14 јули 2014 година, донесе
ОДЛУКА
за подигање, чување, одржување, заштита и користење на
спомен-обележје на Андон Лазов Јанев – Ќосето
Член 1
Со оваа одлука, Советот на Град Скопје ја утврдува потребата за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Андон Лазов Јанев- Ќосето заради одбележување на делото и оддавање почит на личноста на Андон Лазов Јанев-Ќосето кое ќе претставува трајно ликовно одбележување за времето на Илинденското востание и неговиот лик како една од нејзините истакнати фигури. Спомен обележјето е скулптура изработена во бронза и поставена на постамент.
Член 2
Спомен-обележјето од член 1 на оваа одлука ќе се подигне во Скопје на крстосницата на бул. Гоце Делчев и бул. Крсте Мисирков, на аголот кај Судска палата (комплекс судови);.
Член 3
За спроведување на постапката за подигање на спомен-обележјето од член 1 на оваа одлука се грижи и одговорно тело е Одборот за подигање на спомен-обележјето.
Одборот од став 1 на овој член се состои од претседател и 2 членa… Мандатот на Oдборот од став 1 на овој член е до завршување на спомен-обележјето”……….
Во натамошните одредби од Одлуката се наведува дека за подигање на Спомен-обележјето финансиски средства се обезбедени од донации, а за чување, одржување, заштита и користење на Спомен-обележјето од член 1 на оваа одлука ќе се грижи Град Скопје. Средствата за таа намена се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје.
Во членот 6 од Одлуката се наведуваат дека податоци и параметри за градбата и просторот, а имено дека “Спомен обележјето е скулптура изработена во бронза и поставена на постамент, која ќе се постави во град Скопје на крстосницата на бул. Гоце Делчев и бул. Крсте Мисирков, на аголот кај Судска палата(комплекснаСудови). Димензиите на локацијата се цца5мх5м, а нејзината висина е цца 10м.
Составен дел на Одлуката е графички дел кој се состои:
Во графичкиот приказ сосема јасно е видливо дека е определена маркица за спомен-обележјето на аголот на булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков во комплексот судови. Определени се и димензиите на постаментот 4,47 на 4,43 см и висина на постаментот и скулптурата.
Димензии на постаментот
Димензиите на постаментот и скулптурата
Маневски вели дека при една вакава неспорна состојба дека спомен обележјето е изградено согласно Одлуката на Советот на град Скопје на локација на која е определена маркица и со определените димензии на постамантот и скулптурата, не може да стане збор за дивоградба.
-Тоа е голема лага на градоначалникот Петре Шилегов, пресметана и со цел да се прикрие самоволието и злоупотребата на службената положба на градоначалникот. Градоначалникот не може самоволно да ги менува одлуките на Советот на Град Скопје. Градот Скопје воопште не е извршен орган на општината Центар. Овде се работи за едно самоволно, незаконско и швервцерско сценарио да се руши спомен обележје изградено согласно закон, вели Маневски.