Актуелниот претседател на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повторно по четврти пат е избран за лидер на најголемата политичка групација во Европскиот парламент.
Огромно мнозинство од членовите на ЕПП гласаа за Вебер, германски политичар од Христијанско-социјалната унија од Баварија, кој ја води ЕПП од 2014 година, се вели во соопштението на таа политичка групација.
Вебер на својот профил на социјалната мрежа Х рече дека е почестен од поддршката што ја добил да биде реизбран за претседател на ЕПП.