Мангупи се раѓаат „збирштино“ од 13 пратеници

Значи сум напоменал: Предлог за сите кандидати! Нема селекција. Кој колку знае. Ама за жал, што добив во реалноста? Јавна расправа рамна на криумчарење на цигари и шверц на дрога. Како бре не Ви е срам да им дадете на сите кандидати 5 минути да се претстават и по Ваша партиска желба да повикувате подржувачи на кандидати? Зошто од моите подржувачи ниту еден не е повикан?

Дали Комисијата за прашања на изборите и именувања ги знае законите во Македонија? Воопшто нема дилема чиј одговор е: Не сака да разговара по нив, туку се сведуваат на „збирштина“ од 13 пратеници кои многу сакаат да живеат по филозофиите на легендарната група од романчето (стрипот) Алан Форд, а тие се следниве (само некои од нив):

  1. Малку знам за се’, ама многу за ништо;
  2. Имало и поголеми проблеми, па не сме ги решиле;
  3. Денешната медицина навистина напредуваше, за секој лек навистина пронајдоа болест;
  4. Гласајте за нас, нам ќе ни биде подобро, а вам ќе ви биде исто;

Овие сега веќе легендарни „збирштоноци“ при изборот на членовите за Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги (АВМУ), инаку најклучната агенција за медиумите и целата држава во делот на Информација, Образование и Забава, се понесоа со сериозен недостаток на демократија (нивен личен проблем), но и најклучното со непримерно дерогирање на законот и уставот на Македонија.

Им поставувам едно и едноставно прашање: Кога „збирштоноци“ пратенички ме информиравте формално правно за да учествувам на Јавна расправа и да го употребам моето уставно загарантирано право да ги изнесам моите визии  за како мора да изгледа медиумската индустрија во Македонија, како дел од поголемата Европска и демократска медиумска агенда?

Да Ви одговорам, НИКОГАШ.

За Ваша жал сум исполнувал многу функции во мојот професионален живот и тоа во делот на медиумите. Последно му бев советник на Крсте Петревски-Буце кој беше генерален директор на ЈСП-Скопје. Знаете зошто нема ниедна афера за овој тивок човек, зошто се беше формално-правно покриено.

Да Ве научам што е формално-правно информирање. Кога го напуштав ТВ Канал 5, десната рака на Емил Стојменов, наша Сузе, ми се обрати на следниов начин: Почитуван, дали имате намера да ги надминете недоразбирањата со сопственикот на ТВ Канал 5 или пак опстојувате на Вашата одлука дека ја напуштате позицијата на Управител без ограничување? Не само по електронска пошта, туку како што е редот, поштар и потпис дека сум потпишал дека ми е врачено писмото.

Почитувани чиатетели, вакво нешто од храмот на демократијата, кој мора да ме повика на јавна расправа сеуште не сум добил.

Така да „збирштоноци“ од пратеници Ве молам да ми потврдите кога временски (датум, ден и година, како и точен час, минута и секунда) каде сум потпишал дека сум повикан на Вашата измислена и изнасилена дебата за Вашите внатрепартиски панаѓури и по истиот терк кога временски (датум, ден и година, како и точен час, минута и секунда) каде сум потпишал дека сум се откажал од трката за член на АВМУ?

Е сега нека знае целата јавност, јас Виктор Грозданов на ден 09 Ноември (сабота) на Претседателот на дотичнава комисија г-дин Сајковски Ѓорѓија му ја испратив следнава порака преку мобилен телефон во 17 часот и 52 минути:

Почитуван, Јас сум Виктор Грозданов. Ве барам во врска со конкурсот за АВМУ. Би сакал да Ве информирам дека ни соопштија полуинформација по однос на нашето претставување на конкусрот. Би замолил краток разговор со предлог еднаков за сите кандидати. Едноставно распоред со точно утврден час. Се надевам дека не Ве вознемирувам. Поздрав. Да живее демократијата и Македонија“ .

Значи сум напоменал: Предлог за сите кандидати! Нема селекција. Кој колку знае. Патем во тие 24 часа на секого што морав да го информирам кажав дека Сајковски е сериозно воспитан човек. И тоа го мислам и сега.

Ама за жал, што добив во реалноста? Јавна расправа рамна на криумчарење на цигари и шверц на дрога. Како бре не Ви е срам да им дадете на сите кандидати 5 минути да се претстават и по Ваша партиска желба да повикувате подржувачи на кандидати? Зошто од моите подржувачи ниту еден не е повикан, Даниел Димевски Олимписки Комитет, Стопанска Комора на Македонија, Стојанче Кашиковски Синдикат на Угостителски работници (за неписмените од комисијата станува збор за авторско право и јавно емитување), Синдикатот на МИА итн?

Само ме интересира како мојата колешка од ТМФ Жалина Пешевска, инаку член на комисијава, дипломираше? Во ист ден со сите дипломци и менторот збореше за нејзе или пред комисија каде е и менторот, а она ја одбрани тезата?

Срам Ве било!

Ама затоа и дадоа право на една госпожа да држи говор, а пустата нема појма дека бранеше личности кои на покојниот Варошлија му пишуваа документи дека „ХРТ 2 неможе да се укине поради тоа што спортските права не биле авторски права“.

Е сега, дали јас и еден адвокат познат за госпожава го видовме списокот со потплатени вработени од Совет за радиодифузија и Министерство за Култура за да вртат глава? Госпожата нека се обрати кај адвокатот.

Мала дигресија.

За разлика од госпожава што сака да држи банка за медиуми ќе беше убаво да и соопшти на јавноста дека Антонио Пешев во јануари 2023 година реагира на законско решение од Јули 2022 година за животна средина во кое вели дека сите индустриски капацитети ќе мора да бидат затворени. Значи нема индустрија, нема држава, нема медиуми. Значи нема да постојат Алкалоид, Рио кафе, Жито Лукс, ПКБ, Макстил, Реплек… итн.

Ќе читате во вторник за оваа огромна афера, каде барам апсења на неколку пратеници и еко активисти.

Продолжуваме

Се’ ми стана јасно неколку недели претходно кога мојот голем другар Селвер Ајдини беше одбиен, демек не донел документ за државјанство. Да Ве упатам – госпдинот Селвер Ајдини е 13 (тринаесет) години советник во АВМУ и 4 (четири) години заменик претседател на советот на АВМУ. Ако мислите дека има психијатриски проблеми, тогаш најодговорно тврдам дека Вие кои сте му го фрлиле документот за државјанство имате проблем многу поголем од психијатрија.

Инаку Селвер е медиумски играч од 1992 година во ТВ Хана Куманово и кога загина претседателот на Македонија, Борис Трајковски, Селвер заедно со Меваип ТВ Коха, Авдула и Агрон ТВ Ера, Раим и Екрем Радио Вати, Неџат ТВ Феста, Мујо ТВ Гура, веднаш ја прилагодија програмата за Траор од прв степен. Вистински патриоти.

За сите читатетли и медиумски играчи. Моментниот политички панаѓур за АВМУ е следниов кој се врти низ сите медиумски кругови:

  1. Тројца дава ВМРО-ДПМНЕ
  2. Еден дава ЗНАМ
  3. Двајца дава ВРЕДИ
  4. И еден дава ДУИ

Па, нели ДУИ беа кримоси?

За на крај. Другари „збирштоноци“, демек пратеници, да запамтите. Во 10 животи да се родите нема да знете што значи МАНГУП СЕ РАЃА, НЕ СЕ СТАНУВА.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес